Културо

Балетот “Есмералда” утре во МОБ

Во МОБ утревечер ќе биде изведена балетската претстава “Есмералда” од Цезар Пуњи, под диригентство на Бисера Чадловска. Кореографијата е на Михаил Крапивин од Русија, а сценографијата на Живојин Трајановиќ.

За костимите се погрижи Љупка Ристовска. Како солисти настапуваат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Ивана Коцевска, Киро Павлов и Драган Кочовски. Концерт мајстор е Климент Тодороски. Ќе настапат и балетскиот ансамбл, како и оркестарот при МОБ.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: