Културо

Битолска премиера на мјузиклот “Песноден” (Видео)

Првиот детски филмски мјузикл, посветен на Денот на песната, а во реализација на авторската екипа на 5+ Фамилија ќе ја има својата премиера пред битолската публика.

По својата скопска премиера на 13-ти ноември, “Песноден” премиерно ќе се прикажува и во Центарот за култура во Битола на 18-ти ноември со почеток во 18 часот.

Mногу познати детски хитови ќе бидат чуени оваа вечер, но ќе имате прилика да слушнете и нешто најново од “5+ бенд”.

https://www.facebook.com/petplusfaamilija/videos/1421696638006786/

“ОХО” и Центар за култура – Битола информираат дека собраните средства од продажбата на билети ќе бидат донирани во започнатиот проект за реновирање на училиштето Др.Трифун Пановски, подрачна единица с.Трново.

Можеби ќе ве интересира: