Културо

Божиќен концерт на Македонската филхармонија

И оваа година, по повод големиот христијански празник Божиќ, Македонската филхармонија подготвува симфониски концерт со пригодна програма. Под палката на маестро Саша Николовски-Ѓумар, на 7 јануари во Македонскиот народен театар во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе: свитата “Оревокршачка” од Петар Илич Чајковски, “Половецки танци” од операта “Кнез Игор” од Александар Боеодин, Интермецо од балетот “Рајмонда” од Александар Глазунов, “Валс – фантазија” од Михаил Глинка и “Големата порта на Киев” од “Слики од изложба” од Модест Петрович Мусоргски.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: