Културо

Кореја во Скопје: Бродвејско уникатно шоу ги воодушеви Македонците

Со стоечки овации, аплаузи и извици за уште, пред само некој ден во преполниот Македонски Народен Театар во Скопје беа отворени првите во Македонија “Деновите на Корејска Култура 2015”. Повеќе од 650 посетители имаа несекојдневна и уникатна шанса во живо да уживаат во музичкиот концерт, “Музика и ритми од Кореја”, на кој настапија “Bulsechul” и “Nanta”.

Светски познатиот ансамбал “Bulsechul” во Скопје ги пренесе звуците на традиционална корејска музика со модерни импровизации кои ја воодушевија публиката, a громогласниот аплауз на крајот од нивниот настап беше наменет за преработката на македонската песна “Зајко Кокорајко”. Вториот дел од концертот беше комичниот музички невербален настап на “Nanta”. Токму “Nanta” со своето акробатско кујнско шоу прикажано низ комичен перформанс на едно место го има собрано најголемиот број на гледачи во историјата на корејскиот театар. Колку навистина Македонија имаше уникатна шанса синоќа е фактот дека “Nanta” е првото азиско шоу кое се појавило на Бродвеј, а нивниот театар кој е отворен 365 дена во годината, а го имаат посетено над 1 милион странски посетители.

Korejski denovi vo Makedonija“Мое големо задоволство е да и го претставам на скопската публика големиот изведувач од ансамблот “Bulsechul” и невербалниот музички изведувач “Nantа”. Ова е прв пат да се одржува настан од ваков вид во Скопје и се надевам дека сите ќе уживате во него и дека ќе стане традиција секоја година. Ќе ја имаме можноста да слушнеме седум традиционални музички интрументи: gayageum, geomungo, daegeum, piri, haegeum, ajeng, janggu од “Bulsechul” на “Nanta”, како и акробатско готвачко шоу, изненадна свадбена церемонија и возбудливо претставување на корејски специјалитети. Во оваа сала, ќе не обедини музиката како универзален јазик кој ги надминува различните идеологии и други разлики. Јас сум цврсто убеден дека преку уметност и култура можеме да научиме повеќе еден за друг, наспроти географската оддалеченост помеѓу Кореја и Македонија. Дозволете ми да му се заблагодарам на Министерството за Надворешни работи, Министерството за Култура и Националниот Театар во Скопје, за нивната помош и поддршка за да се организира денешниот настан”, изјави на сцената на Македонки Народен Театар при отворањето на манифестацијата, Амбасадорот на Република Кореја во Бугарија, Шин Менг-хо

Денеска и утре во Кинотеката на Македонија, се одржи “Корејска Филмска Одисеја”. За време на овие два дена, македонската јавност имаше можност да погледне некои од најпопуларните корејски филмови: “Ода за татко ми”, “Маскембал”, “Монструмот”, “Тајно, Величествено”, “Кралскиот Кројач”. Освен “Корејската Филмска Одисеја” во Кинотеката на Македонија, сите македонски граѓани имаа можност да ја погледнат изложбата слики на платно со мотиви од Сеул на уметникот Симон Калајџиев и изложбата на фотографии “Впечатоци од Кореја”. Оваа изложба ќе ни ја долови убавината на корејската традиција, истражувајќи ги модерните пејсажи, вкусовите на корејската кујна и скиците на еден патник.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: