Културо

Џезерите и официјално добиваат свој дом

Вчера во фоајето на Македонската опера и балет се потпиша Договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на НУ Џез оркестар на Македонија, кој се наоѓа во подземните простории на овој објект.
Договорот го потпишаа вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска и Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт.

На конференцијата присутните ги поздравија и ВД директорот на новоформираната институција НУ џез оркестар Гоце Стевковски и директорот на Македонска опера и балет Васо Ристов.

Македонските џезери седум години се здружени во Здружението на џез музичари, направија концерти и фестивали со кои го издигнаа на највисоко ниво музичко – културно-сценскиот живот во земјава, а со својот концепт, врвен труд, дела, остварувања, успеси и достоинствен начин на професионално и еснафско делување, му дадоа нов правец на културното движење воопшто.

Во здружението членуваат докажани инструменталисти, автори, маестра и професори по музика, а воедно и млади таленти едуцирани во земјава и во странство на престижни музички академии, кои напати биле и дел од соработки со светски музичари-добитници на највисоки музички признанија, дури и “Греми”.
Имаат своја публика, која од ден на ден расте и уживаат исклучително висок респект и рејтинг и кај публиката и во фелата, и секогаш со секој концерт и проект се надминуваат себе си, а бројот на нивни приврзаници и љубители се зголемува.

Автор на текстот: Валентина Ѓоргиевска Парго/КулАрт.мк

Можеби ќе ве интересира: