Културо

Со “Евгениј Онегин” вечерва се отвораат Мајските оперски вечери

Со операта “Евгениј Онегин” вечерва на сцената на Македонската опера и балет ќе почне 44-то издание на Мајски оперски вечери.

“Да, за прв пат Мајските оперски вечери имаат различен концепт, и повторно ќе кажам дека и овој концепт е направен во соработка со оние за кои ние во позадина со месеци работиме, а тоа е публиката. За нас, во ова турбулентно време, голем тест со нашата публика беше премиерата на балетот “Црвената соба”. Но, за среќа, тестот покажа дека сме во право. Тоа што секојдневно работевме од утро до мрак, се исплатеше. Публиката самоволно покажа дека и во ова време, приоритет му два на квалитетот на животот, таа сака да посетува културни настани, сака да биде дел од нашите премиери, од нашите концерти. Задоволство ми е да кажам дека билетите за Мајските оперски вечери се пуштени во продажба уште пред двесеттина дена и веќе се продадени половина од претставите. Дозволете, во оваа прилика, да ви се заблагодарам и на вас како наш медиумски покровител, и заедно со публиката, да ве поканам на овогодинешните “Мајски оперски вечери” од 9-ти до 31-ви мај да уживаме заедно во уникатноста на “Чувството во живо”, изјави Горан Цветковиќ од Македонската опера и балет.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: