Културо

„Искра“ – концерт на Македонската филхармонија со виртуозот на виолина Роман Симовиќ

Македонската филхармонија го најавува концертот „Искра“ кој ќе се одржи на 16 мај (четврток) со почеток во 20 часот. Како солист, овој пат ќе настапи еден од најуспешните црногорски и европски виолинисти Роман Симовиќ, моментно концерт-мајстор на реномираниот Лондонски симфониски оркестар, Марински театар и Минхенската филхармонија.

Врвниот Симовиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр.1 од најзначајниот руски симфоничар Димитриј Шостакович, дело кое се смета за едно од неговите најдобри дела, а му го посветил на прочуениот Давид Ојстрах.

Оваа вечер, на програмата се и Адаџото од гудачки квинтет во F-dur од австрискиот музички гениј Антон Брукнер, како и Симфонијата бр. 5, оп. 55 во b-moll од Александар Глазунов наречена „Херојска“, опишана како „архитектонска поема“.

Можеби ќе ве интересира: