Културо

Изложба на необјавувани фотографии по повод роденденот на Тоше

 25 јануари, роденденот на Тоше Проески, оваа година ќе биде одбележан со изложба на досега необјавени фотографии. Се работи за фотографии од неговите концерти и патувања, средби со обожавателите, кои ќе бидат изложени во Спомен-куќата во Крушево. Посетителите на музејот исто така ќе ја имаат можноста за првпат да ја слушнат и инструменталната верзија на темата “Никада”.

“Како и досега се потрудивме пред фановите на Тоше Проески да прикажеме постхумно нешто ново од богатото творештво на македонската музичка легенда. Се решивме тоа да биде изложба на необјавени фотографии и инструментална верзија на песната “Никада”. Ќе организираме и крводарителска акција во просториите на музејот”, изјави Славен Ристески од фондацијата “Тоше Проески”.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: