Културо

Изведба на оперскиот бисер „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на 26 јануари во Македонската опера и балет

Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Македонската опера и балет ќе се изведе на 26-ти јануари со почеток во 20.00 ч. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа.

На сцената на МОБ ќе се изведе под диригентската палка на гостинката од Украина, Оксана Мадараш, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Настапуваат: Сандра Митровска во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Катерина Стојановска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Македонската опера и балет.

„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени.

Можеби ќе ве интересира: