Културо

“Јас Исидора” утре на сцената на МОБ

Утре 16-ти јануари (среда), со почеток во 20 часот ќе се изведе балетската модерна претстава “Јас Исидора” од Олга Панго на малата сцена во МОБ. Либрето, кореографија и режија е на Олга Панго, музиката е на Калиопи Букле, сценографија и костимографија се на Благој Мицевски. Како солисти се појавуваат: Саша Евтимова, Игор Веланоски, Билјана Пашариковска, Лиле Миленковска Гленски, Билјана Басмаџиева, Марина Георгиевска и Маја Митровска Богојевска. Во претставата се опишува животот на американската балерина Исидора Данкан која живее во почетокот на 20 век, и нејзината љубов што ја запознава во Моска големиот руски писател Сергеј Есенин.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: