Културо

“Кавалерија рустикана” утре на сцената на МОБ

Македонската опера и балет ве известува дека на 18-ти јануари (петок) на сцената на МОБ ќе се изведе популарната оперска претстава на Пјетро Маскањи “Кавалерија рустикана”. Опера во еден чин.

Својата праизведба ја доживува во Рим 17.05.1890 година. Прва професионална оперска претстава во македонскиот театар доживува на 9 мај 1947 година. Дејствието се одвива вечерта пред велигденската ноќ. Драма за страста, предавството и за одмаздата.

Диригент на претставата ќе биде Бисера Чадловска, режија на Волфганг Вајт од Германија, сценографија на Живојин Трајановиќ, костимографија на Лира Грабул, концерт мајстор Верица Ламбевска. Како солисти се појавуваат: во улогата на Сантуца ќе настапи Дешира Ахмети – Крлиу, во улогата на Тируду – Цветан Стојановски, во улогата на Алфио – Ристе Велков, Лола – Олгица Милевска, Мајка Лучија – Марика Поповиќ.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: