Од Македонската Опера и Балет не известуваат дека во вторник 5-ти фебруари на малата сцена, премиерно ќе се изведе комичната опера “Аптекарот”од Јозеф Хајдн со почеток во 20 часот. Диригент на претставата е Виктор Митровски, режија и сценографија на Уши Хорнер од Австрија, избор на костими Марта Трендафилова и концерт мајстор Климент Тодоровски.
Како солисти се појавуваат: Семпронио – Дејан Стоев (05.02.) Зоран Даскаловски (06.02.), Грилета: Билјана Ѓуровска (05.02.) Александра Лазаровска – Василевски (06.02.), Менгоне: Јане Дунимаглоски (05.02.) Никола Стојчевски (06.02.), Волпино: Николина Јаневска. Станува збор за една весела и комична приказна, која веруваме дека ќе ви се допадне. Репризата на претставата ќе се изведе следниот ден на 06.02 среда исто така со почеток во 20 часот на малата сцена во МОБ.
Подготви: Марија Поповска