Оркестарот на Македонска филхармонија овој четврток, со почеток во 20 часот ќе го изведе концертот насловен „Извор” посветен на 60 години Музичка младина на Македонија. Диригент е Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат младите инструменталисти Магдалена Дрмач – виолончело, Леонардо Димоски – виолина и Гоце Златев – пијано.
На програмата се „Водич низ оркестарот за млади” од Бенџамин Бритн, Симфониски варијации за виолончело и оркестар од Леон Боелман, Капричо-Етида во форма на валс од Сен Санс и „Рапсодија на тема од Паганини” од Сергеј Рахмањинов.