Културо

Концерт на Симон Трпчевски за отворањето на новата сала на Филхармонија

По повод свеченото отворање на  новата концертна сала на Македонската Филахарминија, концерт ќе одржи македонскиот виртуоз на пијано, Симон Трпчевски.

Концертот по повод отворањето на новиот објект на Македонската филхармонија, ќе се одржи на 21 мај со почеток од 19 часот. Покрај солистот Трпчески, диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Ашкенази, соопшти Филхармонијата.

На првиот концерт на Филхармонијата во новиот објект ќе бидат изведувани дела на Трајко Прокопиев, Сергеј Прокофјев и Петар Илич Чајковски.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: