Културо

Концерт „Филхармонија во срцето“ овој четврток во Филхармонија

„Филхармонија во срцето“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток во 20 часот, на кој ќе свири Камерниот оркестар на Филхармонија. Диригент е Дијана Имери Илкоска, а како солисти ќе настапат Елена Дојчинова (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа). Со овој концерт Филхармонија на РСМ се вклучува во чествувањето на два значајни јубилеи – 180 години од раѓањето на чешкиот композитор Антонин Дворжак и 160 години од раѓањето на рускиот композитор Антон Аренски. На програмата се „Варијации на тема од Чајковски“ од Аренски, „Серенада“ од Дворжак и „Класична суита“ за камерен оркестар, флејта и обоа од македонскиот композитор Томислав Зографски.

Рускиот композитор Антон Аренски (1861-1906) „Варијациите на тема од Чајковски“ ги напишал во 1864 година и тие претставуваат емотивна посвета на Петар И.Чајковски. Првобитно напишани за гудачки квартет, „Варијации на тема од Чајковски“ по премиерата доживеале исклучителен успех, и Аренски ги адаптирал за гудачки оркестар. Од тогаш се изведуваат многу често на концертните подиуми и важат за негово најпознато дело. Варијациите се во корелација со целокупниот творечки импулс, препознатлив за романтичарска музичка мисла на Антон Аренски. По претставувањето на темата следуваат седум варијации и кода кои ја обработуваат главната музичка идеја на разновиден начин, преку мотивски поигрувања, ритмички и динамички контрасти. Делото целосно го одразува духот на музиката од Чајковски, тоа е рефлексија на нејзината есенција, спакувана во авторските контури на Аренски.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....