Културо

Лидија Вукичевиќ ги пееше „Македонско девојче“ и „Елено, ќерко Елено“

Вчера вечер во Центарот за култура – Битола а во рамки на голема турнеја низ Македонија гостуваше претставата „Чекајќи го министерот“. Главната улога ја толкуваше познатата Лидија Вукичевиќ а покрај неа играат Семир Гициќ и Сашо Ристовски.

Покрај македонскиот актер во претставата, екипата на претставата се потруди сценариото да го адаптира на публиката. Па Лидија која игра келнерка што има желба да стане пејачка, во претставата ги пееше „Македонско девојче“ и „Елено, ќерко Елено“. А покрај неколкуте отпеани песни во репликите се најде и популарниот стих „Уметница мора бити здрава“ од евровизиската песна на Констракта.

Се работи за необична приказна за тројца луѓе кои сосема неочекувано се нашле на едно место, во иста прилика, но со различни цели. Дејството се случува во една руинира кафеана, која добива нов сопственик. Сопственикот се соочува со проблеми со старата келнерка околу неговата замисла како треба да оди бизнисот. Тој ангажира дизајнер кој треба да ја уреди кафеаната, а причина за тоа е доаѓањето на министерот од владата. Имајќи закажано вечера за министерот, новиот сопственик се соочува со невозможна мисија. Од една страна незаинтересираноста на вработената келнерка да учествува во уредувањето на објектот за доаѓање на министерот, од друга страна дизајнерот кој има поинакви видувања за тоа како треба да се уреди објектот и дека се потребни неколку денови, што пак е проблем бидејќи министерот доаѓа за неколку часа.

После изведбите во Штип, Охрид и Битола. Претставата следно гостува во Кичево (11.04), Пробиштип (12.04), Куманово (13.04), Кавадраци (14.04) и Велес (15.04).

Фото: Диоген Хаџи Коста МилевскиФото: Диоген Хаџи Коста МилевскиФото: Диоген Хаџи Коста МилевскиФото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Можеби ќе ве интересира: