Македонската опера и балет со огрома чест и задоволство ви ја најавува двојната изведба на најновата балетска продукција на МОБ “Огнени градини”. Првата изведба е утре сабота 30-ти јануари, а втората пак во вторник 2-ри фебруари и двете изведби со почеток во 20 часот. Кореографијата е работена на музика од познатиот шпански композитор Мануел де Фаља. Кореограф е Џејмс Амар од Франција кој воедно ги скицираше елементите за либретото на претставата.
Претставата е условно составена од три дела: Градините на Алхамбра, Градините на Кордоба и Маѓепсана љубов, а кореографијата содржи доста елементи од шпанските традиционални танци со нагласка на фламенкото. Сценограф е Зоран Костовски, а костимограф Александар Ношпал. Со оркестарот на Македонската опера и балет ќе диригира Бисера Чадловска.
Настапуваат: во Градините на Алхамбра: Саша Евтимова, Дафина Данилоска, Билјана Басмаџиева, Игор Веланоски, Дојчин Дочев (Бугарија), Мирослав Митрашиновиќ; во Градините на Кордоба: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска, Васил Чичијашвили, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски; во Маѓепсана љубов: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Васил Чичијашвили, Мирослав Митрашиновиќ. Вокален солист е Ирена Кавкалевска, а солист на пијано е Дино Имери.
Подготви: Редакција на Музика24