На 9-ти март во Македонската филхармонија ќе се одржи концерт. На овој концерт, според организаторот, ќе бидат презентирани две ремек-дела на Лудвиг ван Бетовен – Концертот за виолина и оркестар во Де-дур и Симфонијата број 7 во А-дур.
Премиерно ќе биде изведена и композицијата Robert’s suite од македонската авторка Бете Илин. Солистка е младата и талентирана виолинистка Леија Зу од Кина, а диригентка е Ребека Тонг од Индонезија.