Културо

“Музика и танц” новогодишни концерти за деца (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, на 19-ти декември предновогодишно, свои концерти за деца ќе одржи Пламенка Трајковска гудачки квартет , а како специјален гостин ќе се појави и популарниот Дедо Мраз. На концертот децата ќе имаат можност да уживаат во класичната музика наменета за танцување како менует, валцер и танго. Тие ќе се запознаат и со музиката на Бокерини, Моцарт, Бизе и други композитори.

На 19-ти декември до Домот на АРМ во Скопје ќе се одржат два концерти за деца и тоа со почеток во 11 часот и во 13 часот. Билетите можете да ги набавите преку продажните мрежи на www.karti.com.mk и www.kupikartizase.com.

Можеби ќе ве интересира: