Културо

Оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт „Музиката и градот”

Овој четврток со почеток во 19 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Музиката и градот” на кој праизведба ќе доживее електроакустична симфониска поема „Скопје” од македонската композиторка Ана Пандевска. На програмата се и „Фантазија за обоа и оркестар на фолк тема” од Васил Атанасов В’чев (кој ќе настапи и како солист на обоа), Адаџето од Малер и „Роденденот на една инфантка” од Шрекер. Диригент е Тимоти Редмонд од Велика Британија.

 Ана Пандевска (1985) е македонска композиторка која пишува музика инспириран од фолклорот, џезот, амбиенталната музика, за во последно време нејзиниот интерес е насочен кон е електро-акустичниот израз. Симфониската поема „Скопје” е фузија од различни музички влијанија, истражувања и естетски вкусови сублимирано во едно дело. Инспирацијата за делото е градот Скопје, градот во кој самата композиторка е родена и живее и, во него, како што вели се обидува на урбан начин да ги пренесе своите емоции и најзначајните скопски знаменитости преку наративните семплови на електронската трака.

Густав Малер ја пишувал Петтата симфонија во периодот од 1901 и 1902 година во својата нова куќа во централна Австрија. Делото премиерно се извело во Келн во 1904 година и доживеало тотален неуспех. Критиката пишувала дека симфонија е „предолга, дека е напишана за огромен оркестар и дека музиката е преполна со драма и звучно насилство”. На тогашната публика и се допаднал само четвртиот став „Адаџето” напишан само за харфа и оркестар, кој претставува своевиден „остров на спокојство во турбулентното море”. 

„Роденденот на една инфантка” е танц пантомима на австрискиот композитор Франц Шрекер (1878-1934). Го напишал во 1908 година како нарачка ипретставува клучно дело на сецесионизмот и премер на т.н. „тотално дело”. Изведбата на ова дело имала одличен одзив кај критиката и публиката, а со него Шрекер си обезбедил клучно место на виенската музичка сцена. Музиката е инспирирана од истоимената новела на Оскар Вајлд. 

Можеби ќе ве интересира: