Културо

На 12-ти и 13-ти јануари Традиционален гала оперски концерт по повод празникот „Василица 2023“

Со почеток во 20 часот, на 12-ти и 13-ти јануари (четврток и петок), во Македонската опера и балет ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023.

За да се одбележи традицијата на Василица кога се крши лепче со паричка на 13-ти јануари публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со паричка, а среќниот кому ќе му се падне ќе добие гратис-билети за целата сезона на Македонската опера и балет.

Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот.
Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, концерт мајстор: Верица Ламбевска, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

На концертот ќе настапат нашите оперски уметници: Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас).

Настапуваат хорот и оркестарот на Македонската опера и балет. Останати се уште малку билети во продажба на билетарницата и онлајн на www.operabalet.mk.

Можеби ќе ве интересира: