Културо

“Нова година во Њујорк” со Македонската филхармонија

Во пресрет на новогодишните празници, Македонската филхармонија на 17-ти декември во Домот на АРМ со почеток во 20 часот, ќе одржи симфониски концерт под наслов “NY vs NY”. Концертот ќе се одржи под палката на маестро Борјан Цанев, а ќе претстави програма која ќе ја донесе атмосферата за време на новогодишните празници во “градот кој никогаш не спие”.
Како солист ќе се претстави извонредниот пијанист Евгени Божанов од Бугарија, кој ќе ја изведе популарната “Рапсодија во сино” од Џорџ Гершвин.

Оркестарот на Македонската филхармонија на концертот “Нова година versus Њујорк” ќе ги изведе и “Приказна од Западната страна” од Леонард Бернштајн, “Смешно лице” од Гершвин, “Saturday Night Waltz” од Арон Копланд, “The Entertainer” од Скот Џоплин, “Medley” од Дјук Елингтон и “Blue tango”, “Плинк, Планк, Плунк”, “Фидл-Фадл” и “Мачка што игра валцер” од Лирој Андерсон.

Само три дена подоцна, односно, 20-ти декември недела, во Домот на АРМ со почеток во 12 часот, Македонската филхармонија ќе го изведе традиционалниот новогодишен Симфониски концерт за деца, предводен од маестро Саша Николовски-Ѓумар. И овој пат аниматор е миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: