Културо

По САД, маестро Симон Трпчевски со настапи во Швајцарија

Маестро Симон Трпчески продолжува да ја воодушевува публиката ширум светот со својата изведба, а дури и во услови на пандемија неговите концерти се проследени со голем интерес. По настапите во Сан Диего (САД), на 13-ти и 14-ти ноември, на кои неговата изведба беше поздравена со стоечки овации, тој до крајот на годината, поточно во декември ќе настапи и во Цирих, Швајцарија.

Трпчески во Сан Диего настапи со симфонијата на овој град и тоа во новата отворена сала Рејди Шел во Џејкобс Парк. Изведбата во ова атрактивно здание се случи под диригентската палка на маестро Едо де Ваарт, а присутната публика под отворено небо уживаше во неговата изведба на концертот на пијано Чајковски бр.1.

“На 13 ноември – Денот на ослободувањето на главниот град на Македонија, мојот град Скопје – моето родно место!“, напиша Трпчески на неговиот фејсбук профил под видеото од настапот кој токму на овој ден се случи во Сан Диего.

Наредниот концерт кој нашиот пијанист треба да го одржи во декември во Цирих, поточно на 12-ти декември каде ќе бидат изведени делата од албумот “Македонисимо“. Ова е и последен концерт за оваа година на маестро Симон Трпчески, кој повторно со работа започнува на 10-ти јануари 2022 година кога во “Барбикан“ салата во Лондон ќе одржи камерен концерт со светски познатиот виолинист Максим Венгеров. Со него ќе настапи и во Карнеги Хол во Њујорк на 20-ти јануари, додека на 27-ми јануари ќе има настап во Париз, исто така со Венгеров.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....