Културо

По вчерашната премиера, операта “Евгениј Онегин” со реприза во среда

Во рамки на 44-те Мајски оперски вечери, во среда 11-ти мај, со почеток во 20 часот, ќе се репризира претставата “Евгениј Онегин”, од Петар Илич Чајковски. Во претставата настапува истата авторска и изведувачка екипа, како и на премиерата. Диригент е Саша Николовски-Ѓумар, режисер Дејан Пројковски, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Марија Пупучевска, кореограф Олга Панго.

Настапуваат: Ларина, Марика Поповиќ, Татјана, Тамара Калинкина (Украина), Олга, Николина Јаневска, Филипјевна, Елена Петрушевска , Ленски, Домагој Доротиќ (Хрватска), Евгениј Онегин, Иван Наумовски, Кнез Гремин, Владимир Саздовски, Капетан, Диме Петров, Зарецки, Борко Биџовски.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: