Културо

Поради смртта на Тасовац се откажува гостување на Белградската филхармонија

Како што известуваат од Македонската филхармонија, гостувањето на Белградска филхармонија во Скопје, на 9-ти октомври е откажано, поради ненадејната смрт на директорот Иван Тасовац, кој почина во својот дом во Белград.

На сите кои купија билети за овој настан, ќе им бидат рефундирани средствата. Гостувањето ќе се реализира во наредниот период, а за датумот ќе бидете дополнително информирани.

Можеби ќе ве интересира: