Културо

Повторно пред публиката, новогодишен концерт на Виенската филхармонија

Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија традиционално ќе биде одржан на 1 јануари 2022 година. Во богато украсената Златна сала Музиквереина повторно ќе ужива публиката, а пред малите екрани гледачи од повеќе од 90 земји ширум светот.

Првиот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија бил изведен на 31 декември 1939 година, а од 1941 година се одржува секој први јануари во годината. На програмата ќе се најдат нотите на Штраус и автриските композитори Џозеф Хемлесбергер помладиот и Карл Мајкл Зирер.

Оркестарот ќе го диригира маестро Даниел Баренбоа. Овој аргентинско-израелски пијанист и диригент веќе по трет пат стои на пултот на Новогодишниот концерт, првпат во 2009 и втор пат во 2014 година. Неговата блиска соработка со Виенската филхармонија трае од 1965 година.

Концертот се пренесува во живо на телевизија во повеќе од 90 земји ширум светот. Оваа година во салата повторно ќе може да ужива публиката која задолжително мора да биде вакцинирана против Ковид-19 и во текот на концертот сите ќе носат заштитни маски.

На 1 јануари 2021 година филхармонијата свиреше пред вритуелната публика и беше наградена со виртуелен аплауз.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....