Културо

Роденденски концерт на Македонската филхармонија

Овој четврток со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Вдахновение”. Филхармонија е единствена институција во земјава која го афирмира и го изведува симфониското музичко творештво. Преку редовните концерти постојано ја развива и ја промовира класичната музика, приближувајќи ѝ ја оваа форма на музицирање на публика од различни генерации.

Оркестарот на Македонската филхармонија е формиран на 24 ноември 1944 година, по завршувањето на Втората светска војна и само 11 дена по ослободувањето на Скопје. На улицата „Крушовска” бр. 27, во домот на композиторот Тодор Скаловски, биле поставени темелниците на најстарата институција од културата во државата, прва од таков вид во ослободена Македонија.

Роденденскиот концерт во четврток ќе го води диригентот Конрад ван Алфен (Холандија), а како солисти ќе настапат врвните инструменталисти Даниел Роланд – виолина (Англија/Холандија) и Маја Богдановиќ – виолончело (Србија). На програмата се Концерт за виолина и виолончело во а-мол, оп. 102 од Јоханес Брамс и Симфонијата бр. 2 во е-мол, оп. 2 од Сергеј Рахмањинов.

Можеби ќе ве интересира: