Културо

Русе Арсов сe повлекува од директор на МКЦ, по кривичната пријава за настапот на Дино Мерлин

ВД директорот на МКЦ – Скопје, Русе Арсов, си поднесе оставка од функцијата откако вчера ДКСК излезе со иницијатива за кривично гонење на организаторите на концертот на Дино Мерлин. Обраќањето до јавноста на Арсов го пренесуваме во целост.

“МКЦ другари, МКЦ соработници, пријатели и непријатели. Би сакал да соопштам дека денес се повлекувам од функцијата Вршител на должност Директор на Јавната установа Младински културен центар. По три ипол години, премногу љубов, страст и жар – не издржа срце јуначко па од здравствени причини ќе морам самиот да се повлечам од оваа функција. Вчера беше претежок ден за сите нас. Најпрво од медиуми дознавме дека сме криминалци и дека има предлог за тоа да бидеме гонети. А потоа и дека
наградата за успешното работење изминатиот период е претставена преку
намалување на буџетот за програма за 50%. Другари, Последните три и пол години МКЦ реализираше: најубави *кинопроекции* на
кров на ГТЦ, во Парк, на Езерце, а го направивме и *најголемото кино на
отворено* со проекцијата на „Исцелител“ во Градски парк. Отворивме *нова
градска летна сцена* во Паркот МКЦ, отворивме три *графити и стрит арт
галерии*, а цртавме мурали и во Ибни Пајко. Ја поведовме *иницијативата
„Култура во време на корона“*,која беше пример и поттик и за другите
регионални метрополи, МКЦ стана членка на *ФИАФ*, стана членка на
*Лајвјуроп*. Беше дел од уште неколку европски проекти и програмски
соработки, а беше домаќин и на Урсула фон дер Лајен и Секако ги реализиравме
фестивалите, МОТ, Синедејс, Здраво Млади…  Ги реновиравме и тоалетите во
МКЦ, Само во 2021 и покрај пандемијата преку 650 реализирани настани.
Пополека стануваме препознатливи и по поддршката на независната театарска
сцена… Ги донесовме Лиза Жерар во Филхармонија, Љубомир Мелник во
Пошта… И да, паднавме на Дино Мерлин. Ох судбо клета!  И додека ги градевме убавите работи, четри години континуирано се дружевме и со Финансика полиција, и со јавно обвинителство, и со разни ревизии… Се вадеа документи, се уништуваа животи… а на крај едно по едно обвинувања
завршуваа како неосновани.
Затоа ДА, ве молам слободно затворете го веќе и овој предмет Дино Мерлин.
Уверен сум дека нема никаков криминал ни таму, а од последниве години го
научивме и гадното чувство на обвинување – па затоа, ајде ве молам.
Денес се повлекувам само од функцијата Вршител на должност Директор. Но
останувам во МКЦ, имам уште еден одличен повод за тоа – да помогнам заедно
да го направиме јубилејот кој толку гордо го чекаме – 50 години МКЦ.
За следниот Директор само да го охрабрам: Не грижи се, МКЦ не е загубар! МКЦ и покрај пандемијата, кога сериозно беа намалени приходите од влезници и производи, и кога сериозно беа намалени дотациите за режиските трошоци, успеа со максимум од своите можности да ја даде својата поддршка на целата независна сцена – и на крај повторно да ги плати сите свои сметки и да забележи позитивно финансико работење. Па така, во следната јубилејна година да пренесе сопствени средства во висина од 4.000.000 денари, и уште толку се’ уште ненаплатени побарувања. За оние кои раководат културни институции јасно им
е дека ова е сума за почит, на што сме посебно горди. Ја користам оваа прилика, да им се заблагодарам на сите мои колеги кои и после сите притисоци успеаја да останат најголеми професионалци. Другари
фала ви на доверба и поддршка! И бидејќи никогаш претходно не го направив ова, Фала и на сите соработници, гости и пријатели, кои јавно ја даваат својата поддршка на нашето работење, но и кои не потпаднаа на сите клевети, и лаги и гадости кои беа за мене и за нас како МКЦ јавно изнесувани. Бидете здрави, живи, среќни и весели. И МКЦ – среќен јубилеј 50 годиниЌ, Соопшти Арсов.

Државната комисија за спречување на корупцијата вчера објави дека ќе достави иницијатива за кривично гонење пред Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, како и иницијатива за отворање постапка за одговорност на одговорното лице до институцијата која го именува, односно Градот Скопје за организирање на новогодишната прослава во Скопје за 2020-та, на која настапи Дино Мерлин.

Како што тврдат од ДКСК, за организирање на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје за 2020 година прекршен е Законот за јавни набавки. ДКСК смета дека има основано сомневање дека Младинскиот културен центар постапил спротивно на законот и не спровел постапка за јавна набавка, туку распишал јавен оглас за организирање на новогодишната прослава. Новогодишната прослава на скопскиот плоштад чинела околу 240 илјади евра, од кои околу 154 илјади евра се платени од градскиот буџет.

ДКСК смета дека требало да се спроведе постапка за јавна набавка и за техничката опрема. Хонорарот на Дино Мерлин бил 84 илјади евра обезбеден од приватни спонзори.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....