Културо

“Севилскиот берберин” во МОБ

Како и секогаш досега, така и овој пат, Македонската Опера и Балет преку Музика24 Ве известува за претставите и нивниот репертоар. Една од претставите која што ќе се случи наскоро е претставата “Севилскиот берберин” од Џ.Росини која што ќе се одржи во петок 8-ми фебруари со почеток во 20 часот во салонот на Македонската Опера и Балет.

Нашиот познат тенор Благој Нацоски одигрувајќи ја улогата на грофот Алмавива ќе одбележи 10 години од неговите настапи на меѓународната сцена.

Инаку, станува збор за комична опера, мошне интересна, динамична, лесно приемлива, опера во два чина. Премиерата на “Севилсикиот берберин” на македонската сцена е изведена во 1954 година. Доколку сакате да ја промените вашата секојдневна монотонија, еве ви добар предлог за тоа.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: