Културо

Утре вечер во Македонската опера и балет – “Classica vs Classica” (Видео)

Утре вечер на сцената на Македонската опера и балет ќе се одржи незаборавен концерт од најубавите парчиња спој нa класиката во оперската, балетската и театарската уметност со класиката во поп и рок музиката. Под диригентската палка на Ерхан Шукри, Гудачкиот камерен оркестар “Арко”, Мандолинскиот оркестар “Скопје” и рок бендот “Why Not”, на репертоарот ќе се изведат прекрасни оперски арии, оркестарски и балетски нумери (Доницети, Верди, Росини, Хачатуриан…), како и поп и рок нумери од познати пејачи и култни групи кој оставиле свој белег во полето на музиката ( Queen, ABBA, Pink Floyd, Michael Jackson…).

ClassicavsClassica_posterКако солисти ќе настапат: Ивана Здравкова – сопран, Марика Толевска – мецосопран, Христо Арсовски – тенор, Николина Јаневска – мецосопран, Горан Начевски – баритон, Владимир Саздовски – бас, Момчило Куфојанакис – виолина, Лазар Сандев – мандолина, ученици од основниот балетски оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, како и наши докажани глумци, Игор Ангелов и други. Покрај тоа на сцената ќе го имаме супер финалистот од шоуто “X Factor Adria” Боби Мојсовски и најмладиот учесник Трајче Горгиев, финалистот од шоуто “Пинкове ѕвезице”.

Незаборавајте, одлично музичко доживување, концерт за паметење вторник 19-ти април, Македонска опера и балет со почеток во 20 часот.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: