Културо

Утре вечер во МОБ изведба на ремек делото на Пучини “Тоска”

Утре сабота 21-ви ноември со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведено едно од ремек делата на оперскиот композитор Џакомо Пучини, претставата “Тоска”. “Тоска” всушност претставува приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и сликарот Каварадоси, прекината од еден злогласен шеф на полицијата (Скарпија) во Рим, во периодот на покретот за обединување на Италија.

Во нашата претстава, главните улоги ќе ги толкуваат првенците: Весна Ѓиновска-Илкова (Флорија Тоска), Цветан Стојановски (Каварадоси) и Борис Трајанов (Скарпија). Во останатите улоги ќе настапат: Анџелоти: Ернес Ибраимовски, Клисар: Драган Ампов, Сполета: Никола Стојчевски, Шароне: Диме Петров, Клучар: Димитар Кожухаров и
Овчарче: Десанка Глигоријевиќ. Настапуваат оркестарот и хорот на Македонската опера и балет, под диригентство на Бисера Чадловска.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: