Културо

Вечерва во МНТ гостување на Државната опера и балет од Турција

Во рамки на “Танц фест 2016”, вечерва на сцената на Македонскиот народен театар ќе настапи Државната опера и балет од Измир, Турција. Тие ќе настапат со извонредната претстава “Боите на танцот” во кореографија на Мехмед Балкан, а на музика на турскиот композитор Ерим Ардал и Ј.С.Бах, со дваесетина ексклузивни танчери.

Државната опера и балет од Измир е основана во 1982-та година. Таа е една од најголемите уметнички институции во земјата, со голем број на продукции. Оваа уметничка куќа ја промовира уметноста на танцот во својот регион и е предводник во запознавање на пошироката публика со танцот.

Tanc festБалетот при Државната опера и балет од Измир, има остварено голем број на турнеји во Турција, но и надвор од неа, секогаш со голем успех, заради високиот уметнички квалитет на продукциите и на танчерите.  Нивните извонредни продукции се прикажуваат во Кипар, Германија, Италија, Франција, Шпанија, Кина, Босна и Херцеговина, Јапонија, Пакистан.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: