Македонската опера и балет вечерва со посебна гордост Ве поканува на изведбата на операта “Адријана Лекуврер” од Франческо Чилеа. Се работи за најизведуваното дело од овој автор, а во подготовката на премиерата, која се одржа на 13-ти март оваа година во која што учествуваше интернационална екипа. Режисер на претставата е Енрико Кастиљоне од Италија, сценограф Александар Златовиќ, костимограф Весна Радовиќ од Србија, хор мајстор Јасмина Ѓорѓеска-Серафимовска, додека кореограф е Олга Панго.
Изведувачкиот дел од екипата го сочинуваат: Цветелина Василева (Бугарија), во насловната улога. Цветелина Василева е врвен сопран, која настапувала на повеќе светски сцени меѓу кои и на сцената на Метрополитен операта во Њу Јорк. А во останатите улоги ги гледаме:
- Маурицио (тенор) Ѓорѓи Цуцковски
- Принцеза де Бујон (мецосопран) Марика Поповиќ
- Принц де Бујон (бас) Енрико Маркезини (Италија)
- Игуменот од Шазеј (тенор) Дејан Стоев
- Мишоне, менаџер на сцена (баритон) Марјан Јованоски
- Госпоѓица Жувено (сопран) Биљана Талевска-Јосифов
- Госпоѓица Данжевил (мецосопран) Николина Јаневска
- Поисо (Риба) (тенор) Никола Стојчески
- Кино (бас) Диме Петров
- Мајор (тенор) Зоран Даскаловски
Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Учествуваат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
Подготви: Редакција на Музика24