Културо

Во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“, Македонската филхармонија најавува голем концерт

В четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“, на кој како солисти ќе настапат пијанистката Маја Кастратовиќ, флејтиската Златка Митева и обоистот Владимир Лазаревски.

Диригент е Бисера Чадловска, а на програмата се „Пасакаља на тема од Божидар Апих“ од Томислав Зографски, „Увертира“ за симфониски оркестар од Димче Николески, „Концерт ин 5“ за пијано и симфониски оркестар од Александар Лековски, „Пасторали“ за флејта, обоа и камерен оркестар од Благоја Ивановски и „Стара песна“ – концертни сцени за симфониски оркестар од Томе Манчев.

Можеби ќе ве интересира: