Македонската опера и балет со задоволство Ве информира, а воедно и Ве поканува на новата изведба на популарната “Набуко” на Џузeпе Верди. Претставата е со домашна солистичка екипа и еден гостин. Главните улоги ќе ги толкуваат: Ристе Велков, насловната улога, Павлина Новакова-Георгиев, улогата на “Абигаила”, Никола Стојчевски ќе настапи како “Исмаел”, “Фенена” ќе ја толкува Николина Јаневска, додека улогата на “Захарие” му е доверена на гостинот од Србија Драгољуб Бајиќ.
Во останатите улоги ќе настапат, Диме Петров, Марија Наумовска и Зоран Даскаловски. Диригент е Иван Еминовиќ. “Набуко” е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилена кај публиката.
Подготви: Марија Поповска