Културо

Возбудливиот Рахманинов во изведба на пијанистката Мари Анж Нгучи

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Филиз” на кој како солистка ќе настапи исклучителната пијанистка Мари – Анж Нгучи (Франција/Албанија). Диригент е маестро Џорџ Џексон од Англија, кој првпат ќе застане пред оркестарот на Македонската филхармонија, а на програмата се „Трагична увертира” оп. 81 од Јоханес Брамс, Симфонија бр. 8 „Недовршена” од Франц Шуберт и Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Сергеј Рахманинов.

Можеби ќе ве интересира: