Магазин

24 Занимливости – мора да се види: 20 годишен македонец совршено црта портрети од Тоше (Фото)

20 годишниот македонец Александар Поповски е голем обожавател на ликот и делото на нашата музичка и вечна легенда Тоше Проески. Вели одсекогаш ја слушал и ќе ја слуша музиката на Тоше. Во нашата рубрика 24 занимливости ви го претставуваме токму него, момчето што совршено црта портрети од Тоше. Тој вели дека првиот портрет на Тоше, неговиот лик, го нацртал во 2009-та, а досега нивиот број е вкупно 19. Неговата најголема инспирација и фасцинација се неговите очи.

Жали поради тоа што само еднаш досега го има видено својот идол и поради тоа што никогаш повеќе тоа нема да се случи. Но затоа е упорен и наскоро планира дел од своите портрети да ги подари на семејството Проески како и на Меморијалниот центар во Крушево. Во продолжение погледнете дел од неговите цртежи и искоментирајте дали ви се допаѓа некој од портретите и кој е тој портрет.

Александра Поповски - Тоше Проески портрет бр.1 Александра Поповски - Тоше Проески портрет бр.2 Александра Поповски - Тоше Проески портрет бр.3 Александра Поповски - Тоше Проески портрет бр.4

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: