Магазин

Imdb: “Одмаздници-завршница” со најголема заработка на сите времиња

Според Светската база за филмски податоци Imdb, филмот “Одмазници-завршница” е на врвот според заработувачката во 2019-та година. Овој заработил приход од 2,8 милијарди долари, со што се најде на врвот на листата со најголема заработка на сите времиња. На второто место со заработка од 1,6 милијарди долари е филмот “Кралот лав”. Трет на оваа листа е филмот “Човекот пајак: Далеку од дома” со заработка од 1,13 милијарди долари. Четврт е “Капетан Марвел” со 1,12 милијарди долари, а на петтото место е “Приказна за играчките 4” со 1,07 милијарди долари. “Аладин” е на шестото место со заработка од 1,05 милијарди долари.

Според Imdb, “Џокер” е прогласен за најдобар филм за 2019 година, иако тој се уште се прикажува низ кината. Досега со заработени 1,04 милијарди долари, тој се наоѓа на седмото место. Веднаш зад него е “Брзи и бесни: Хобс и Шо”, со заработка од 759 милиони долари.

На деветто место е “Снежното кралство 2″, којшто досега заработи 742 милиони долари и се уште се прикажува во кината. Следат:

10.”Не Жа” (700 милиони долари),

11.”Талкајќи по Земјата” (699 милиони долари),

12.”Како да го дресирате вашиот змеј 2: Скриениот свет” (520 милиони долари),

13.”Господарка на злото 2″ (480 милиони долари),

14.”Тоа 2″ (470 милиони долари),

15.”Покемон детектив Пикачу” (432 милиони долари),

16.”Тајниот живот на миленичињата 2″ (429 милиони долари),

17.”Мојот народ, мојата земја” (423 милиони долари).

Последни три во листата “300 милиони плус”, се филмовите “Капетан” (407 милиони долари заработка), “Алита” (405 милиони долари) и на крајот “Годзила: Кралот на ѕверовите” со 386 милиони долари приход.

Можеби ќе ве интересира: