Познат по своите настапи и еден од оние кој сака да истражува во сите жанрови, денеска на голема радост Александар сподели интересна фотографија каде се фотографираше во костум за својата прва официјална претстава каде ја има главната улога.
“Не ни знаев дека ќе ме ангажираат во претстава, сепак секогаш сонував да пробам како е да се биде актер на штиците кој живот значат и многу сум им благодарен за поддршката”, изјави Александар Тарабунов.
Но од ова сепак може да се заклучи дека својот пат сериозно го започнува и кон актерството што не се сомневаме во неговите способности кој не ги има само како артист туку и како актер, иако тој паралелно полека го работи својот прв деби албум.
Подготви: Редакција Музика24