Магазин

Слушнете како звучи кога Американец свири балканска музика (Видео)

Денес интернетот е достапен насекаде така што секој жанр може да се слушне и научи без никаков проблем, така што овој мал пример ќе ви покаже дека вложениот труд може да вроди со плод. Имено познатиот басист од Америка Трејвор Џејмс кој свири џез и поп, прочепкувајќи по интернетот наишол на многу интересна музика блиска до нашата балканска музика поточно ромската, каде бил воодушевен од самата ритмика и мелодија со што при неколку слушања пробал да го научи и тој жанр.

“Иако моите блиски соработници беа изненадени од мојот потег, сепак за мене секој нов жанр е т.н. подвиг за да искусам нешто ново во мојата музичка кариера и сум задоволен од она што самиот го постигнав со верувале или не 5 месеци учење”, изјави Трејвор Џејмс. Можеби за некои звучи чудно, но за Трејвор ова е уште една можност да покаже дека иако не му е близок тој жанр на кој тој е навикнат, сепак ова музичко парче ќе ве убеди во спротивното.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: