Побарувањата на светските музички ѕвезди за време на концертните турнеи многу често ги преминуваат нормалните граници. Леди Гага, Кети Пери, Џенифер Лопез, Мадона, Бијонсе и многу други често знаат вистински да ги намачат организаторите.
Контроверзната Леди Гага пред излегувањето на сцената во својата соба сака да има бел кожен кревет, свежо цвеќе и црни завеси од сатен. На ѕидовите мора да ги има постерите на Дејвид Боуви, групата Квин, Елтон Џон и Били Холидеј. Нејзиниот тим инаку се состои од 150 лица, меѓу кои дури 30 се стилисти.
Славната Мадона пак, на секој настап доаѓа со тим од 200 членови. 57 годишната ѕвезда ја чуваат дури 30 телохранители, а има и личен готвач, инструктор по јога, стручњак за акупунктура и бара од организаторите дури 20 меѓународни телефонски линии.
Мараја Кери пак го обожува шампањот Совињон од 200 долари, во гардеробата мора да има два букета со бели рози, свеќи со мирис на ванила и собната температура мора да изнесува 23 степени. Во музичките кругови се уште се зборува за нејзините ексцентрични барања за време на божиќниот концерт во Лондон во 2009 година. Популарната Мараја од организаторите побарала во собата да има 20 бели мачиња и 100 гулаби.
Модерната Кети Пери пак е посебно ригорозна кон возачите. Нејзините возачи не смеат да разговараат со неа и да гледаат во ретровизорот што се случува на задните седишта. Собата во хотелот мора да биде уредена во француски стил, а фрижидерот да има стаклена врата.
Сопругот на светската ѕвезда Бијонсе, музичкиот модул Џеј Зи задолжително мора да се вози во црн најнов модел на автомобил мајбах и секогаш да му бидат достапни две шишиња шампањ од 300 долари. 34 годишната Бијонсе пак обожува да јаде пилешко зачинето со свеж кромид , и бибер. А во тоалетот мора да ја чека црвена тоалетна хартија. Џенифер Лопез е заљубена во белата боја. Поради тоа се во нејзината соба мора да биде бело, цвеќето, столчињата храната и се останато.
Подготви: Редакција на Музика24