Магазин

СРАМ! Бугарската пеачка Преслава украде песна од Гавазова

Песната на нашата позната фолкерка Сузана Гавазова “Пијана и заљубена”, може да се слушне и на бугарски јазик и тоа во изведба на Преслава, но со друг наслов. Барем се потрудиле да имаат поинаков аранжман, но двете верзии се толку слични што може веднаш и самите да заклучите. Ова не е прв пат бугарски пеачи и пеачки да се обвинуваат за плагијат. Гавазова во врска со ова, на својот фејсбук профил го напиша следново:

“Сега искрено ќе ви кажам дека тие едно 5 години не смеат да крадат… на сите тие преработени песни тие си плаќаат авторски права. А сега конкретно за оваа песна ќе ви кажам дека ни е купена од истиот автор кој има право да ја продава во повеќе држави. Новинарите не се информирани добро секогаш. Авторот на заедничката песна со Преслава е од Македонија и се вика Артан Кастрати и има право да ја продава во повеќе држави… таа е негова авторска песна и е заштитена и така да само тој има право на оваа песна, освен ако некој ја купи со се авторски права АМА тоа многу чини и така да веќе никој од никој не смее повеќе да земе песна без да си плати или праша”, напишала Гавазова на својот фејсбук профил.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: