Магазин

Дедо Мраз годинава со рекорден број добиени писма и одговори

Поштенското сандаче во германското село Свети Никола, каде децата ширум светот повеќе од 50 години испраќаат писма до Дедо Мраз, односно Божиќниот дедо постави нов рекорд и одговори на преку 30.000 писма.

Овој Божиќ поштенското сандаче примило 30.711 писма, што е најмногу досега. На писмата одговарале 44 волонтери, а биле испратени од деца од 43 држави во светот. Со ова е пробиен минатогодишниот рекорд на одговорени писма, кога биле испратени 866 писма помалку од оваа година.

Најголем дел од писмата биле испратени од Германија, околу 90 проценти, додека меѓународни писма стигнале од Тајван (1083), Франција (374), Кина (352).

Волонтерите одговарале на примените писма, а секое го означувале со посебната поштенска маркичка на Дедо Мраз.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....