Магазин

Денес сите во 21 часот на YouTube каналот на Бомбакис – стартува третата сезона од „Bombakis Podcast”

Денес 4-ти февруари, со почеток во 21 часот стартува долго најавуваниот и очекуван подкаст на познатиот дечко со картоните, или попознат како Бомбакис. Вечерва стартува третата сезона од неговиот „Bombakis Podcast”, а музичкиот портал Музика24 и овој пат медиумски ќе го поддржи подкастот и започнуваќи од денес па натаму редовно ќе соработуваме и пишуваме се поврзано со овој нов и интересен проект.

Велат прво па машко, па така првата епизода од третата сезона на „Bombakis Podcast” стартува со младиот, контроверзен, интересен и не многу омилен во јавноста радио и YouTube водител, Давид Давидовски. Тој меѓудругото за себе открива дека уште како мал поради она како се облекувал и носел, бил дискриминиран и често навредуван и од своите другари како и од останатите. Не зборува и скаран е со Стефан Лазаров, Мариа Луиза, Никола Трпковски (Жешко Столче), познатиот македонски пејач Спасен Силјановски…

Што се друго ексклузивно кажа и изјави ова момче во „Bombakis Podcast”, како размислува, што сака и како фукционира… погледнете вечерва со почеток во 21 часот на YouTube каналот на Бомбакис.

Можеби ќе ве интересира: