Магазин

DJ Mac искрено моли за помош: Вработете ја сестра ми бидејќи ние немаме врски (Фото)

Познатиот македонски DJ Mac, или кај поблиските познат и како Марјан Петровски, преку искрено напишан статус на својот Фејсбук профил моли за помош, односно, бара неговата сестра која одамна има завршено факултет и соодветно образование и е правник по професија, да биде вработена за да не замине од државата.

“Јас би ве замолил доколку некој има потреба од правник во државава… Мојата сестра е Магистер по меѓународно право и дипломатија со перфектно втор научен турски јазик… со сертификати, со дипломи, со сите левели и степени на највисоко ниво. Има 37 години и е невработена во државичкава наша бидејќи има 75 страни CV и има пратено во над 50 места и нема добиено одговор од никого ЗОШТО НЕМАМЕ ВРСКИ. Мојата сестра ќе треба да си оди од државава зошто тука очигледно квалитетни луѓе не требаат. Па би сакал еве на овој начин да замолам, доколку на некој му треба човек со огромен капацитет да ми се обрати. Би сакал сестра ми да остане во државава и да биде со фамилијата. Фала ви многу”, стои во искрено напишаниот Фејсбук статус на Марјан Петровски (DJ Mac).

Можеби ќе ве интересира: