Магазин

Фифи си замина од Македонија – засекогаш?! (Фото)

Филип Јаневски или во македонската јавност познат како Фифи, по многубројните песни и видео спотови кои ги има зад себе и учеството во најгледнато и засега најголемото балканско тв шоу “X Factor Adria”, реши да замине од Македонија. Тој пред неколку дена на својот facebook профил напиша статус со кој го најави своето заминување, а истиот гласеше:

“Пред да си одам од државава, еве да го споделам статусов со кој потполно се согласувам”, напиша Фифи на својот профил, притоа споделувајќи статус на свој пријател.

Fifi_status na fbПо објавувањето на статусот и многубројните реакции за неговото заминување, тој Ве поздравува сите Вас од далечниот Стокхолм каде ќе се обиде да започне од нула и да почне нов живот, а со самото тоа и музичка кариера во тој дел од светот.

Fifi_status na fb Fifi vo StokholmМу посакуваме се најдобро!

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: