Магазин

Гаги од “Џогани” со нова професија – возач во јавно претпријатие (Фото)

Танчерот Гаги Џогани, основачот на групата “Џогани” и поранешен маж на Анабела, ја промени својата професија. Имено, танцувачот на Инстаграм објави фотографија на која седи позади воланот на градски автобус. Тој сончевото пладне го помина со својата ќерка, која заедно со него ја позирала на фотографијата, а неговиот коментар гласи вака:

“Секој ден е нов почеток, никогаш не е доцна да промените нешто. Поздрав од јавното сообраќајно претпријатие”, напишал тој објавувајќи ја фотографијата.

GagiКолку за потсетување, танчерот одамна се наоѓа во тешка финансиска ситуација, па дури на facebook ги молеше своите пријатели да му уплатат по едно евро за да го сними новиот спот. Гаги ова го прокоментира како одлична идеја до која дошол, бидејќи му се ближел роденденот. Тој веќе подолго време нема снимено нова песна.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: