Магазин

Гинисов рекорд: Дал 215 интервјуа за 24 часа (Фото)

Кантри пејачот Џек Инграм го освои светскиот рекорд во давање на интервјуа во период од 24 часа. Инграм дал 215 интервјуа помеѓу 8 часот наутро во вторникот и 08 часот наутро следниот ден среда, во склоб на промоцијата на својот нов албум “Big dreams & High hopes”. Оваа информација ја потврди претставничката на Гинисовата книга на рекорди, Лора Планкет. 38 годишниот пејач од Тексас преку телефон разговарал со радио станици од речиси сите 50 американски држави, како и со радио станици од Канада, Ирска и Австралија.

Jack Ingram_ginisСветските медиуми пишуваат дека не само што го освои, туку тој и го “растури” овој светски рекод. Имено, претходниот светски рекорд во давање интервјуа за само 24 часа изнесуваше 96 интервјуа, а истиот го имаа Ти Џеј Вокер и Џес Тодфилд. На крајот, пејачот на шега изјавил:

“После овие 24 часа, официјално немам повеќе што да изјавам”. Неговиот најнов хит “Barefoot & Crazy” моментално се наоѓа на 11-то место од Билбордовата кантри топ листа.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: