Овој сингл има најголема неделна продажба уште од песната “Candle in the Wind” од 1997 година на Елтон Џон. Освен тоа што се најде на првото место на светските листи, “Hello” е прва песна која било кога за само една недела имала повеќе од 1 милион продадени синглови. Освен можноста да се слушне на You Tube, повеќе од милион луѓе платиле над долар и 29 центи за симнување на песната.
Спотот за песната има повеќе од 254 милиони прегледи на You Tube. Срушен е дневниот рекорд на гледаност кој го држеше Тејлор Свифт со песната “Bad Blood”.Исто така го престигна рекордот на “Wrecking Ball” на Мајли Сајрус, како и видеото кое најбргу стигна до 100 милиони прегледи.И тоа верувале или не, за само пет дена!
Подготви: Редакција на Музика24