Магазин

Икона од 18-ти век почна да мироточи

Во Храмот “Архангел Михаил” во селото Урусово на подрачјето на градот Венов во Тулската област во Русија (50 километри од Тула и 180 од Москва) почна да мироточи иконата на Мајката Божја од 18 век наречена “Знамение”, пишува на официјалниот сајт на Руската православна црква, пренесува “Russia Beyond” на Македонски јазик.

Мироточењето е појава на лачење на миризливо масло од икона како последица на чудо. Оваа појава е забележана многу пати во црковната историја. Верниците сметаат дека таквите икони имаа исцелителна моќ.

Мироточењето на иконата е забележано повеќе пати од 8-ми февруари, во интервали од по неколку дена.

Можеби ќе ве интересира: